Градежни материјали · Градежништво · Изолациски материјали · Мермер и гранит · Хортикултура-опрема и услуги ·
МЕТАЛОТЕХНИКА е формирана во далечната 1987 год. како мала фамилијарна фирма. Во изминатите 30 години успешно опстојува на македононскиот и регионалниот пазар. Во почетокот главна дејност беше производство и трговија со материјали за водовод и канализација, а подоцна и од областа на завршните работи во градежништвото. Компанијата го продолжува бизнис-маратонот со подмладени кадри, внесува иновативност во програмата на работа во своето сопствено производство. Компанијата навлезе во повеќе иновативни проекти меѓу кои се производството на обоени минерали кои се користат во декорација и градежништво (изработка на камен тепих и камени ѕидни облоги – тапети како и камен фурнир). Меѓу останатите проекти Металотехника во својата програма внесе и врвна технологија за термоизолационен материјал, изработен по нано технологија на водена основа во соработка со врвни руски и македонски експерти. Подолг период се работеше на овој проект, денеска со подршка од Фондот за иновации и технолошки развој на РМ успешно е спроведен на македонскиот пазар и пошироко. Цел и задача на компанијата е во периодот што следи, целосно да го комерцијализира новиот производ “termoStop”, а со тоа да придонесе развивање на свеста за значењето на енергетската ефикасност и заштедата на истата.
Каталози: “termoStop” · Начин на употреба ·