ТРИО 95 постои од 1995 година, започнува со производство на пици , проширувајќи ја својата дејност во 1999 година со производство на смрзнати полуготови лиснати теста, пирошки и кори за пита и баклава. Компанијата работи во строго контролирани технолошко-хигиенски услови. ТРИО 95 има 45 вработени и располага со модерно опремен производствен простор по најсовремени стандарди. Редовно ги следи најсовремени светски трендови во производството на храна и истите ги внесува во сопствената производна програма. TРИО 95 е единствен производител во Македонија на готова филувана смрзната пица и филувани смрзнати пирошки со правилно избалансиран состав на внесени суровини. Токму поради тоа смрзнатите производи на ТРИО 95 го задржуваат високиот квалитет и нутритивна вредност и имаат подолг рок на траење. Во широкиот асортиман на производи ТРИО 95 нуди богата палета на смрзнати лиснати теста, смрзнати теста за пица, како и кори за пита и баклава. Најново во производството на лиснати теста се лиснатите погачици со различни филови од: спанаќ, кашкавал, јаболко и вишна.Со препознатливиот квалитет го освоивме пазарот во Македонија денес нашите производи ги дистрибуираме во сите поголеми маркети ширум Македонија. Во моментов ТРИО 95 доо располага со сопствен објект, со површина од 1000 м2 и сопствен возен парк. Нашите производи се произведени од внимателно селектирани состојки со висок квалитет, во строги хигиенски услови и со современа опрема и технологија која ги задоволува и најстрогите барања на HACCP и ISO 22000:2005 системите за контрола на квалитетот. Во иднина се планира да се извезува во соседните земји и на други странски пазари, секогаш водејќи се од мотото: "Квалитетот секогаш се продaва”
Каталози: К А Т А Л О Г - Трио 95 ДОО ·