Компанијата ТМ Доо од Штип е основана во 2003, со позабележителен интензитет на работење од 2007, за да се појави на листата на најбрзорастечки фирми во Македонија во периодот од 2009 до 2012 год. според весникот „Капитал“ на 32 место , а во својата основна дејност „Електроинсталатерски работи“ на 1во место. Во изминатите години компанијата бележи континуиран пораст на работењето во сите сегменти , и тоа: вкупен приход, број на нови вработувања и модернизирање на технологијата. Во моментот компанијата има 46 вработени од кои 5 електроинжинери, 1 машински инжинер, електромонтери, електротехничари, автомеханичари, управувачи со градежни машини, машински техничари, металоглодачи, заварувачи градежни работници и општи работници ТМ се состои од 3 главни делови; 1. ТМ Оператива – Изведба , надзор и монтажа на електроенергетска опрема како: Заземјување ,улично осветлување, кабелски водови, трафостанци, отстранување на дефекти, изведба на далекуводи од 10,20,35 и 110 kV напонски нивоа, филтрирање на трансформаторско масло, компензација на реактивна енергија итн. 2. ТМ Одделение контрола - располага со сопствен простор и 2 мерни коли (Saba KMT Centrix-1 2014год.). Акредитирани за: Трасирање на кабли, лоцирање место на дефект на подземни кабли, напонско испиување на кабли, термовизиско снимање, електроенергетска овесна опрема – сила на кинење, исправност на ел. инсталација, квалитет на електрична енергија, диелектрична пробојност на трансформаторско масло, системи за громобранска заштита, итн. 3. ТМ Овесна и спојна опрема - Во 2014 ТМ купи дел од поранешниот југословенски бренд ЕМО Охрид, погонот за овесна и спојна опрема во Штип. Во погонот се изработува Овесна и спојна опрема за дистрибутивни мрежи до 400 kV, Опрема за столбови (конзоли и носачи на изолатори) за низок напон, Комплетен асортиман на овесна и спојна опрема за далекуводи до 400 kV, Комплетен асортиман на овесна и спојна опрема за разводни постројки до 400 kV. Каталог - http://online.anyflip.com/ibwy/nblx/mobile/index.html#p=1 ТМ е флексибилна компанија која ги следи барањата на клиентите, применувајќи ги најновите технолошки достгнувања, техничката регулатива и стандарди. Располага со: Лиценца А за изведување на градби од прва категорија Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија Систем за управување со квалитетот според стандардот ISO 9001:2008 Систем за управување со животната средина според стандардот 14001:2004 Систем за управување со енергијата според меѓународниот стандард ISO 50001:2011 Стандард за управување со „Безбедност и Здравје“ OHSAS 18001:2007 Сертификат за акредитација за инспекциско тело тип Ц MKC EN ISO/IEC 17020:2006
Каталози: Сертификат за Систем за Управување според EN ISO 9001:2008 – TÜV AUSTRIA CERT · Сертификат за Систем за Управување според EN ISO 14001:2004 – TÜV AUSTRIA CERT · Сертификат за Систем за Управување според EN ISO 50001:2011 – TÜV AUSTRIA CERT · Сертификат за Систем за Управување според EN ISO 18001:2007 – TÜV AUSTRIA CERT · Сертификатот за акредитација на инспекциско тело МКС EN ISO/IEC 17020:2006, Тип Ц – Институт за акредитација а Република Македонија · Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија · Лиценца Ц за изведувач на градби од трета категорија ·