РОЈТЕМ дооел започна со работа во 1991 година со трговија на големо со прехранбени производи и стоки за широка потрошувачка. Во 1992 година се отвара пржилница за кафе со капацитет од 60 килограми на час. Во 1996 година купуваат објект со површина од 200 метри квадратни, каде што се префрла целокупното производство и се почнуваме со директен увоз на кафе од Бразил и Индија. За прв пат во Македонија во 1990 година РОЈТЕМ дооел стартува со пакување на мелено кафе во лименка, под брендот Clasik caffe, а во 2002 година се инвестира во нова опрема за пакување и мелење на различни грамажи кафе. Тогаш на пазарот го лансираат нашиот нов бренд Elitte caffe. Трендот на воведување нови брендови продолжува и во периодот од 2003 до 2007 година со лансирање на кафето Vip и Rival caffe, како и сладоледот во прав, во пакување од 100 грама со четири вкуса Ванила, Чоколадо, Лешник и Јагода. РОЈТЕМ дооел во 2008 година реализира позначајна инвестиција со изградба на нов објект со површина од 1.800 метри квадратни, во кој е инсталирана најсовремена опрема и технологија за производство, со капацитет од 250 тони месечно. Каде во 2010 година компанијата ги воведува HACCP стандардите.