Мзт Инженеринг е докажан добавувач на опрема во автомобилската индустрија, енергетиката, транспортна опрема и системи, градежна опрема итн, а стручњаците го вбројуваат меѓу водечките капацитети од областа на длабоко извлекување и метал штанцање во Република Македонија и на Балканот. Производство • Длабоко извлекување • Штанцање, пробивање и втиснување • Заварување • ЦНЦ Плазма Сечење • Монтажно одделение • Изработка на алати МЗТ Инженеринг е основана во 1984 год. во Битола, Република Македонија. Во 1998 год. започна со развој на сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање. Фирмата располага со сопствен производен погон, лоциран во Струмица, каде што на простор од 2000м² функционира цела палета на ексцентар и хидраулични преси од 40 до 500 тони, со кои се обавуваат постапки од областа на длабоко извлекување и метал штанцање, пробивање и втиснување, како и со целокупна потребна опрема за монтажа на разни склопови, заварување и пунктирање, ЦНЦ сечење со плазма и линија за површинска заштита. Во склоп на фирмата функционира и проектантско биро во кое се конструираат алатите за длабоко извлекување и метал штанцање, врз база на што се пристапува кон изработка на конкретните алати. Сите постапки се изведуваат во согласност со стандардите ISO 9001:2000 за кои што МЗТ Инженеринг доо Битола е сертифицирана од 2001.МЗТ Инженеринг покрај сертификатиот за квалитет поседува сертификат за животна средина ISO 14001:2004.
Каталози: Сертификат ISO 14001:2004 · Сертификат BS OHSAS 18001:2007 · Сертификат ISO 9001:2008 · Сертификат ISO 14001:2004 · Сертификат ISO 9001:2008 · Сертификат BH OHSAS 18001:2007 ·