Деловен софтвер · Компјутери · Софтвер ·
Уште од основањето во 1992 година, во “БЛАНК“ се поставени постулатите за работење и соработка во односите со клиентите (правни и физички лица), кои се базираат на целосна професионалност и кооперативност, а се со цел за задоволување на барањата на истите за функционалност на инсталираниот софтвер.Покрај софтверот што е веќе готов, (комплетни решенија за комерцијална-финансиска евиденција, поединечни, мрежни и поврзани меѓу себе - по желба на корисникот), правиме и софтвер по порачка спрема потребите на нарачателот. Во функција на подршка на инсталираниот апликативен софтвер се и нашите договори за одржување на истиот по истекот на гаранцискиот рок. Вршиме комплетен компјутерски инженеринг, со тоа што, во нашата работа и изведба се вклучени и реномирани надворешни фирми и соработници. Непобитен факт, е тоа што од своето создавање "БЛАНК" нема ниту еден клиент кој ги откажал нашите услуги. Тоа е последица на адекватните програмски апликативни решенија, одржувањето на софтверот, следење на законските норми и прописи, адекватен и навремен одговор за секој проблем и што е многу важно, достапност за секој вид поддршка во тек на цело работно време, а по потреба и вон работното време (поврзана со нашето работење и специфицирано со договор).