Адреса: ул.М.Т.Гологанов бр.72,1000 Скопје
Телефон: 02 3074 140
Град: Скопје ·
E-mail: klimakomerc@yahoo.com  

 

работно време:

Пон - Пет
08:00 - 16:00
Сабота
08:00 - 13:00


КЛИМА КОМЕРЦ доо експорт – импорт од Скопје се занимава со увоз–извоз, трговија, продажба на големо и мало, сервисирање и монтажа на опрема за греење, климатизација и вентилација, чии производители ги застапуваме на македонскиот пазар. Вршиме монтажа и сервис на опремата која се вградува во мали и големи објекти, како: - Производствени хали - Индивидуални објекти - Станови КЛИМА-КОМЕРЦ на своите клиенти им нуди комплетна инженеринг услуга, од проектирање, до набавка, монтажа и сервисирање на системите за греење, климатизација и вентилација. Застапници сме на словенечката фирма КЛИМА - Цеље и тоа на програмата за вентилација, што значи дека ги увезуваме сите видови вентилатори - коаксијални, центрифугални, кровни, во „Ex“ изведба, топловодни калорифери и каналски вентилатори. Изведуваме комплетна каналска вентилација на објекти, кафеани, кујни, кафулиња и производни хали. Воедно, КЛИМА-КОМЕРЦ ги изведува и сите видови на топловодно греење, како и гасно греење со плински греалки погодни за отворени тераси. Изведуваме и комплетна климатизација на мали и големи објекти, со монтирање на разни видови клима уреди, како: каналски, сплит–системи, VRV – системи, касетни системи, топлински пумпи... Компанијата располага со сопствен сервис за сервисирање на опремата што ја увезуваме и продаваме, како и на сите проекти што сме ги изведувале, а има и посебна севис служба за нивно одржување.


Каталози:   Купон за 4% попуст ·




Насока

КЛИМА КОМЕРЦ - сервисирање и монтажа на опрема за греење, климатизација и вентилација