Адреса: ул.1 б.б. с.Петровец , 1000 Скопје
Телефон: 02 2563 539; факс.02 2563 539; моб.071 539 071; 078 356 474; 078 356 476
Град: Скопје ·
Web site: www.zitoaltan.mk  
E-mail: contact@zitoaltan.mk  

 

МЕЛНИЦАТА ЖИТО АЛТАН е приватна компанија, основана во 2008 година. Основна дејност на нашата компанија е преработка на пченица и производство на готови мелнички производи. Млинот Жито Алтан опфаќа: силоси за складирање на суровини, млин за мелење на пченица и магацин за складирање на готови производи. Селектирањето на суровините и нивното посебно складирање се врши под постојана контрола и подлежи на внимателна евиденција при што се овозможува следливост од влез на суровина до излез на готов производ. Со тоа се одговара и на најпребирливите барања на нашите клиенти и партнери за обезбедување високо квалитетни крајни производи. ТИПОВИ НА ПРОИЗВОДИ: Брашно тип - 400, Брашно тип - 500, Интегрално брашно, Наменско брашно за пекарска, кондиторска и индустрија за производство на тестенини. Жито Алтан Мелница произведува и мали количини на сточна храна - сточно брашно. ПАЛЕТА НА ПРОИЗВОДИ ОД БРАШНО И НИВНО ПАКУВАЊЕ: - Брашно тип - 400 во пакување од 1, 2,5,10 и 25 кг. Состав: 100% пченично брашно, влага до 15%, пепел до 0,4% и киселински.степен 2,5% - Брашно тип - 500 во пакување од 1, 2 и 25 кг. Состав: 100% пченично брашно, влага до 15%, пепел до 0,55% и киселински степен 2,5% - Наменско брашно во пакување од 25 кг. Состав: 100% пченично брашно, влага до 14%, пепел до 0,45% и киселински степен 2,0% - Интегрално брашно во пакување од 1, 5,10 и 25кг. Состав: 100% пченично брашно, влага до 15,0%, пепел до 0,45% и киселински степен 2,0% - Сточно брашно во пакување од 30 кг. Состав: влага 14%, пепел 5,5% и протеини 14% ЖИТО АЛТАН има интегрирано и модерна лабораторија која го обезбедува квалитетот на производот и извршува анализа на квалитетот на различни видови на пченично брашно со комплетни решенија за пекарската индустрија.




Насока

МЕЛНИЦАТА ЖИТО АЛТАН