


Термал Комфорт Инженеринг e модерна и динамична компанија која успешно се справува со предизвиците на македонскиот пазар па и во регионот. Нивниот предизвик и цел е да внесат комфор и удобност во вашите домови со едноставни и модерни решенија. Постојано ги пратикуваат светските трендови и новите технолошки решенија и во секој момент се спремни да одговорат на вашите желби и потреби. Тимот се состои од млади и образовани кадри, способни да се справат со предизвикот вашите потреби да ги претворат во функционални и едноставни решенија. Нудат супериорни производи и сервис со препознатливи карактеристики како и поволни цени за клиентите. Оваа компанија може да се каже дека ја заработи својата репутација како компанија која успешно ги исполнува сите задачи од проектирање и понуда па се до степен на изведба и одржување.