Адреса: Индустриска зона Север, 2400 Струмица
Телефон: 034 346 101;факс 034 344 101
Град: Струмица ·
Web site: http://www.joka.com.mk  
E-mail: joka@t.mk  

 

работно време:

Пон-Пет
08:00 -16:00
Сабота
08:00 -15:00


Mлекара Јока започна со работа на 29.04.1993 година меѓу првите приватни млекари во регионот. Во текот на годините, ги следиме и применуваме најсовремените технологии и машини за преработка на млеко, со што капацитетот на млекарата значително се зголеми. Со трудољубиво и посветено работење со нагласен акцент пред се на квалитетот, развивме широка палета на ферментирани производи како и сирење, кои на пазарот ги привлекоа купувачите со традиционално потекло и препознатливиот вкус. Огромен допринос за тоа имаат и нашите кооперанти кои се нашата база за чиста и квалитетна суровина од кои секојдневно се слива 7000 литри млеко во нашата млекара. Спрегата помеѓу кооперантите, млекарата и нашите купувачи, за квалитетен и здрав производ, дополнително ја зголеми и зацврсти имплементирањето на меѓународните стандарди за квалитет како што е HACCP кој што го сертифициравме уште во 2006 година. Денес млекарата произведува околу десетина производи претежно од течната програма и тоа кисело млеко, јогурт, свежо пастеризирано млеко како и ајран. Исто така дел од млекото оди за производство на тврда програма и тоа кравјо саламурено сирење. Сите овие производи ги пласираме на домашниот пазар на кој завземаме значаен удел во млечната индустрија. Основната цел на сопственикот и сите вработени во млекара Јока е преку следење на светските трендови, зголемување на капацитетот, се поголемо усовршување на производството со нови машини и технологии, производите од брендот со неоспорен квалитет да бидат присутни на секоја трпеза во нашата држава, па и надвор од неа.




Насока

Млекара ЈОКА
Млекара ЈОКА