Адреса: ул.Елпида Караманди 13-1/10, 7000 Битола
Телефон: 047 223 346; факс 047 203 257
Град: Битола ·
Web site: http://www.bving.com.mk  
E-mail: contact@bving.com.mk  

работно време:

Пон - Пет
07:00 - 15:00


Друштвото за градежништво, производство и улуги "БВ Инжинеринг" ДООЕЛ е основано на 01.06.2002 година и од тогаш бележиме континуиран раст и успех на полето на градежништвото. Нашиот подем се темели на професионалниот пристап и максималната посветеност на задачите на сите вработени во компанијата. Основна цел ни е постигнувањето на препознатлив квалитет на производот/услугата, постојано реализирање на барањата и очекувањата на клиентите преку квалитетна изведба и задоволување на сите технички стандарди и законски прописи. Основната цел ја постигнуваме преку реализација на следните определби: a) системско управување на процесите; b) рационална употреба на ресурсите; c) професионален однос на персоналот; d) партнерство со купувачите и добавувачите; e) постојан развој на свеста на персоналот за одговорност за извршување на барањата на купувачите и достигање на бараниот квалитет на производите и услугите; f) почитување на техничките и законските прописи. Организацијата има воспоставено цврсти деловни односи со добавувачите на градежни материјали и услуги со што целосно се заокружуваат неопходните потреби при изведување на било каков тип на градежни работи. - Структура на вработени - Персоналот со кој располага "БВ Инженеринг" е со соодветно образование и ја има потребната обука и искуство за ракување со ресурсите, реализација на работните процеси и квалитетот на производите и услугите, кои се реализираат во рамките на компанијата. "БВ Инженеринг" располага со следниот кадар: a) со висока стручна спрема – 12 лица; b) со средна стручна спрема – 6 лица; c) високо квалификувани – 22 лица; d) полу квалификувани – 20 лица; e) неквалификувани – 15 лица. Постојано водиме сметка работните процеси да бидат извршувани од компетентни и обучени лица и посебно внимание посветуваме на доусовршување на кадарот и усвојување на нови вештини.


Каталози:   СЕРТИФИКАТ ISO 9 001 · СЕРТИФИКАТ ISO 14 001 · СЕРТИФИКАТ OHSAS 18 001 ·




Насока

БВ Инженеринг - Битола