Адреса: ул. Козјачка 11, Населба Доброшане 1300 Куманово
Телефон: 031 475 230; 031 429 098
Град: Куманово ·
Web site: http://www.bucenkozjak.mk  
E-mail: bucenkozjak@bucenkozjak.mk  

 

работно време:

Пон - Пет
07:30 - 15:00


Бучен Козјак со својата долгогодишна традиција, препознатлив вкус и проверен квалитет, млекарата Бучен Козјак претставува синоним за производство на киселомлечни производи. Млекото содржи белковини, млечен шеќер (лактоза), масти, витамини, минерали и тоа во таков однос кој допринесува за висок степен на искористување на овие материи од страна на човечкиот организам. Затоа и некои нутриционисти млекото го нарекуваат совршена храна, бидејќи може да ги подмири сите потреби на едно новороденче. Со својата долгогодишна традиција, препознатлив вкус и проверен квалитет, млекарата Бучен Козјак претставува синоним за производство на киселомлечни производи. Од својот почеток во осумдесетите па се до ден денес млекарата Бучен Козјак е препознатлива по своите кисело млечни производи како што се: Кравјо кисело млеко, Овчо кисело млеко и Јогурт. Овчо и кравјо бело саламурено сирење со својата нутритивна и биолошка вредност претставуваат незаменлив дел од традиционалната исхрана на овие простори со векови. Се изработуваат од пастеризирано кравјо или овчо млеко со додаток на стартер култура, сирило. Сирењето од производството, односно зреење до продажбата се чува во саламура, па и одтука потекнува името бело саламурено сирење.





Насока

Млекарата БУЧЕН КОЗЈАК